еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

52-годишен маж од Велес ѝ пуштал експлицитни фотографии на малолетничка

На 17.01.2023 во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.Б.(52) од Велес.

Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи ќе ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието, а јавноста за Протоколот

Редакција

Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Присуството на антитела значи заштита од Ковид-19, не е важно колкав е нивниот број, вели доктор Киријас

Редакција