Во периодот од 01.01 – 31.12.2022 година Интерпромет АД Тетово оствари негативен финансиски резултат во бруто износ од 2.659 илјади денари, наспроти бруто добивката во 2021 година во износ од 576 илјади денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Ова во најголема мера се должи на зголемените трошоци на глобално ниво и светската криза со инфлација, додека приходите од основната дејност (издавање на деловен простор под закуп) се во рамки на претходната година.
Приходите од дејноста за 2022 година изнесуваат 22.133 илјади денари, останатите оперативни приходи изнесуваат 103 илјади денари, додека во 2021 година приходите од основната дејност биле 23.059 илјади денари, односно 121 илјади денари останати приходи.
Во периодот од 01.01 – 31.12.2022 година Друштвото оствари расходи во износ од 24.896 илјади денари, кои се за 2.292 илјади поголеми од расходите во 2021 година кога биле 22.604 илјади денари.
Зголемувањето на расходите се должи на зголемени расходи за потрошени материјали и нематеријални трошоци, како и зголемени трошоци за вредносно усогласувањео, трошоци за поделбата на друштвото и останати трошоци од работењето од редовни активности, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Интерпромет од Тетово со намалена добивка во првите девет месеци
Тетовски Интерпромет ставен на „Листата за набљудување“ на Македонската берза