еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија е загрижена за безбедносната состојба, поради вооружениот грабеж во Сарај

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) искажува длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во врска со вооружениот грабеж во Сарај, Скопје, што се случи синоќа, при што ограбеното лице претрпе загуба од 2 милиони денари.

„Имајќи предвид дека сме во период на глобална пандемија на коронавирусот COVID-19, нагласуваме дека спокојноста и безбедноста на животот на граѓаните, како и одржувањето на јавниот ред и мир, се еден од најосновните и најважни услови кои треба да бидат загарантирани од страна на државата и државните институции.

Од таа причина, бараме од институциите надлежни за одржување на редот соодветно и навремено да превземат чекори кон сузбивање на криминалните случаи, како и на вооружените банди кои оперираат во земјата, работа која ќе придонесе воспоставување на нормален тек на работите, каде граѓаните ќе се чувствуваат и истовремено ќе бидат побезбедни.

Од друга страна бизнис заедницата ќе има можност за тековно и редовно водење на бизнис, oсобено сега во време на пандемијата кога сите бизниси се наоѓаат во незавидна ситуација,“ реагираат од СКСЗМ.

Од таму апелираат до надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа.

„Воедно сакаме да ја искажеме нашата подготвеност да помогнеме во изградба на институционален механизам за превенција и казнување на секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нашите членки.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во интерес на бизнис заедницата се ангажира кон зајакнување на соработката со државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина. Како клучно прашање во овој период се наметнува и потребата за бизнисите да имаат доверба и да се обратат до државните институции за помош,“ додаваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца со автомати му зеле торба со пари пред банка во Сарај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во медиумите лани работеле вкупно 2.601 лице, од нив 814 во МРТ

Редакција

Во април Македонија ја посетиле над 9.000 странски туристи, најмногу од Србија и Турција

Редакција

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

Редакција