еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Собранието продолжува расправата за реконструкцијата на Владата

Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжува 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција.

Според последните најави за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници.

Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за разрешување на министерот за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Во рамките на оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Како последна, четврта точка на 104-та е седница се предлозите за избор на заменици-министри и тоа Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска-Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука.

Седницата почна на 13 февруари, а претходно Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за влез во Грција од утре: ПЦР-тестирањето за деца ќе почнува од 12-годишна возраст, а ќе се влегува и со брз антигенски тест

Редакција

(ВИДЕО) Бугари отворија спа и фитнес клуб во Струмица

Редакција

И СДСМ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар

Редакција