Малолетно девојче во скопската општина Илинден синоќа почина од струен удар од жици на вагон.
Информацијата за ТВ 24 ја потврди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Според информациите што ги добил од МВР и ПП бригада до несреќата во која почина девојчето дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден. Притоа дошло до струен удар од висок напон и на местото на несреќата животот го загубило девојчето.
Синоќа за несреќата информираше и МВР.
– Во 21:05 часот во ПО-Петровец, С.К. пријавил дека во населбата Илинден кај железничката станица во складиштето на „Макпетрол“ од страна на малолетни лица е опожарена цистерна.
Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојчето кое почина од струен удар во Илинден имало 14 години: Детали од Обвинителството