еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нема зголемување на цените на лековите од позитивната листа, велат од Министерството за здравство

Нема зголемување на цени на лекови од позитивната листа, подвлекуваат од Министерството за здравство за МИА, одговарајќи на прашањето дали поскапуваат лековите што не се на товар на Фондот за здравство.

-Станува збор за ОТЦ лекови, односно лекови што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт, во аптеките или во продавниците за промет на мало. Цените на овие лекови на пазарот, се формираат слободно и не подлежат на регулирање, согласно позитивните прописи од областа на лековите.

Во оваа категорија спаѓаат производи како што се комбинација на витамини, минерали, препарати за третман на симптоми на болка, запушен нос и слично. Значи не станува збор за зголемување на цени на лекови од позитивната листа, нагласуваат од Министерството за здравство во писмениот одговор до МИА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комеморација за Мирко Попов во Македонска филхармонија, во петок на 5. април

Редакција

Времето денеска променливо облачно и ветровито

Редакција

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

Редакција