Со едноминутен молк и 57 црни балони пуштени во воздух, илјадници ученици и студенти пред грчкиот Парламент им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај месноста Темпи што се случи во вторникот навечер, јави дописничката на МИА од Атина.
Учениците и студентите одржаа мирен и масовен протест во Атина што заврши пред зградата на компанијата „Hellenic train“, каде што напишаа „Убијци“ и „Профит обоен со крвта на студентите“, што воедно беа и нивните слогани и подигнаа црно платно.
Додека маршираа низ улиците во Атина, во еден гласа скандираа: „Пиши кога ќе стигнеш, но никогаш не стигна, ќе се одмаздиме за тебе“, а паралелно на бели балони го имаа испишано бројот на загинати (57) и коментар „57 билети за смрт“.
Демонстрантите коментираа дека денешниот протест има особена тежина и поради фактот што поголемиот дел од загинатите се млади луѓе, студенти, на нивна возраст.
Денеска се протестираше и во Лариса, во чија близина се случи трагичната несреќа, јави дописникот на еМагазин од Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нови протести во Атина и Солун, Грците се гневни за железничката несреќа
МИА/еМагазин/Видео/фото: 902.gr/onlarissa gr