еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голем успех на вината на „Тиквеш“ на „Mundus Vini” во Германија

На пролетното издание на еден од најкредибилните вински натпревари во светот – „Mundus Vini“ 2023, вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ освоија една специјална награда, четири златни и две сребрени медали, во силна конкуренција на познати вински брендови од целиот свет, информираат од таму.

Највисоки оценки – златен медал и специјална награда „Најдобро црвено вино од Македонија“ доби виното „Vranec Luda Mara 2020”. Златен медал освои и новото вино што допрва ќе се најде на пазарот „Babuna red 2021“, во кое доминира сортата плавац мали, како и вината „Terrasse a l’Ombre 2020” и „Domaine Lepovo Grand Cuvѐe 2019”. Со сребрен медал се закитија вината „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“ и „Viognier Bela Voda 2022“.

-Високите награди за вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Mundus Vini“, покрај потврда за високиот квалитет, се и јасно признание за конкурентноста на овие вина помеѓу светската винска елита. Оценките на вината на овој престижен светски вински собир ги дава меѓународно жири, кое е составено од врвни енолози, сомелиери, вински новинари, експерти и трговци.

За успехот на вината дополнително зборува и фактот што согласно критериумите на овој натпревар, најмногу 40% од испратените вина може да добијат награди заради големиот број вина кои се натпреваруваат.

Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на „Mundus Vini“ и на други реномирани светски вински натпревари и годишно освојува над 100 медали и специјални признанија. Овие награди ја зацврстуваат позицијата на вината на „Тиквеш“ на интернационалните пазари, зголемувајќи ја нивната препознатливост, но истовремено промовирајќи ја и Македонија како винска земја, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По Дебар Маало и Капиштец си доби шарена зграда

Редакција

(Фото) Награда од Обединетите Нации: Пивара Скопје – лидер во постигнување на целите на одржлив развој

Редакција

(Галерија) Над 50 „Места со срце“ ги усреќија дечињата од СОС Детско село

Редакција