еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Средношколци фармацевти од Кавадарци изработија спрејови за кожа, ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки

Средношколци, идни фармацевти, изработија спрејови за кожа и ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки. Се работи за ученици од I-6 клас, фармацевтски техничари, од Средното кавадаречко училиште „Ѓорче Петров”.

– По повод празникот на жената 8 Март, тие заедно со својот професор – ментор Блаже Ѓорчев, изработија нов производ од фармацевтската лабораторија на училиштето.

Овојпат се работи за производ, маслен спреј од еукалиптус и портокал за нежна и сјајна кожа, што ќе им биде подарен на сите професорки и жени вработени како помошен персонал. Останатите количини ќе бидат подарени на преставнички од женскиот пол во градот, информираа денеска од училиштето.

Оттаму појаснија дека еукалиптусот спаѓа во групата егзотични растенија и се користи за изработка на етерични масла, а спрејот е одличен за масирање, ги опушта мускулите и ја негува чувствителната кожа.

– Ова беше уште еден предизвик за нашите учници, што успешно го реализираа. Очекуваме уште многу, многу изненадувања во иднина, нагласија од училиштето, чие мото е, „денес ученик, утре стручњак”.

МИА/Фото: Училиште „Ѓорче Петров“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов национален рекорд: Во Куманово 260 заболени од коронавирусот на 100.000 жители

Редакција

(Видео) Историски успех: „Медена земја“ номиниран за „Оскар“ за најдобар документарец и странски филм

Редакција

Косовската претседателка тврди дека на скопскиот аеродром се обиделе да и го одземат телефонот, од ТАВ Македонија категорично ја демантираат

Редакција