еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Минатата недела 145 случаи на Ковид-19, едно лице починало

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 6 до 12 февруари се регистрирани 145 нови позитивни случаи на Ковид-19, со намалување од 15,2% во однос на минатата недела (n=171).

-Процентот на позитивност се движи од 8,1% до 15,8%, просечно 10,6%.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=67; 46,2%), a највисока инциденца е регистрирана во Демир Хисар (27,5/100.000 жители).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 180 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 26,8% повеќе во однос на минатата недела (n=142).

Во текот на минатата недела, пријавени се 41 реинфекции, за 30,5% повеќе во однос на претходната недела (n=59).

Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (06- 12.03.2023), лицето е од Скопје, со коморбидитети и починато во болнички услови. Лицето е на возраст од 80 години, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик, велат од Друштво на писатели

Редакција

(Фото) Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

Редакција

За исчезната Лидија Трајковска пишуваат и српските медиуми

Редакција