еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Актерката Стојановска ослободена од вина и од Апелација: Здравјето ми е нарушено од долгогодишниот стрес

Актерката Силвија Стојановска по речиси пет години откако започна судскиот процес против неа за шверц на дрога, е ослободена од вина, пренесува Фокус.

Апелациониот суд ја одби жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда донесена од Основниот кривичен суд со што процесот сега е конечно завршен.

Стојановска за Фокус вели дека само сакала процесот побрзо да заврши.

-Долгогодишниот стрес ми го наруши здравјето. Искрено, не можам ниту да се израдувам како што треба. Се чувствувам како издишан балон, само сакав што побрзо да заврши. И на последната расправа во Апелација им реков само побрзо одлучете, процесот веќе влезе во петта календарска година. Сега после речиси пет години кончено можам да продолжам со животот, вели Стојановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судската драма на актерката Стојановска продолжува, Обвинителство ја обжали ослободителната пресуда

(Видео) Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петта трансплантација на срце кај 66-годишен пациент и две на бубрези кај двајца 40-годишни пациенти

Редакција

Бејли: Политичарите сериозно да ги земат предвид мнозинството 660.000 граѓани кои гласаа „за“

Редакција

Филипче за „бегството“ од Скопје: Мерките мора да се почитуваат каде и да се наоѓаат граѓаните

Редакција