еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пораст на дневната температура во наредните денови, в понеделник ќе достигне 23 степени

Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура која утре ќе достигне од 10 до 17 степени, а в недела од 14 до 20 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринските температури утре ќе се движат од -6 до 1 степен, а в недела од -4 до 2 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе биде сончево со утринска температура од -2 до 5 и дневна од 17 до 23 степени.

И во деновите потоа ќе биде топло преку ден, со максимални темератури до 21 степен во вторник и среда и до 22 степена во четврток. 

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов рекорд: 300.000 луѓе низ светот заболени од Ковид-19 за еден ден

Редакција

(Видео) Афера “Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња на функционери кои земаат високи плати

Редакција

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Редакција