Камион излета од коловозната лента на автопатот Гостивар – Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.
Според првичните информации од тетовската пожарна, возачот е повреден.
-Моравме да интервенираме и да го извадиме возачот од кабината на камионот кој беше повреден и однесен во тетовската клиничка болница, информираше Авни Амети, командир на тетовската пожарна.
Во моментот се врши увид од службите на СВР Тетово, а сообраќајот се одвива успорено. Камионот има регистарски ознаки на Црна Гора.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.