Со 76 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска го донесе Закон за амнестија, по скратена постапка.
Овој Закон, поднесен од група пратеници, овозможува алтернативна мерка „условна осуда“ на сторителите на кривичните дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, кои се сторени за време на прогласена вонредна состојба заради спречување на ширењето на пандемијата со коронавирусот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.