еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четворица експерти за надзор на Коридорот 8 добиле 900 илјади евра за еден месец, тврди Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 објави нови документи за скандалот со надзорот на Коридорот 8.

Четворица експерти, рече, добиле 900 000 евра за еден месец.

-Нашите критики се за криминалот што го прават официјалните лица од ДУИ, не е само кон Артан Груби, има таму и други луѓе за кои допрва ќе излегуваат криминални афери за сето тоа што ние го имаме документирано.

Ако вие мислите дека треба да премолчиме за наместениот тендер за надзор и супервизија на проектот за коридорите 8 и 10 Д, простете, но нема да премолчиме, бидејќи е евидентен криминалот.

Околу тендерот за надзор и супервизија на коридорите 8 и 10 Д криминалот е евидентен и еклантантен. Таму имате тендер кој што е местен, во тендерот се менувани условите додека тендерот трае.

Знаете ли колку пари наплатиле четирите експерти кои што работеа еден месец за да го изготват договорот со фирмата изведувач? Видете, 900.000 евра за еден месец.

Видете јас сум доктор по науки, сум учествувал во многу вакви проекти пред да се занимавам со високата политика, и се чувствувам прилично моќен во тоа со кое што сум се школувал и за кое што имам искуство. Ни приближно вакви експертски услуги досега не сум имал, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека другата компанија од конзорциумот кога почнува тендерот, нема лиценца за надзор, односно е во процес на добивање лиценца за надзор и супервизија, како и дека тоа е компанијата што се занимава со производство на долен веш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски вели дека се соочува со притисоци и дека нема да прави влада со ДУИ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две нови апликации за младите, за сајбер насилството и сајбер безбедност

Редакција

(Видео) Доктор Жан Митрев детално го објаснува лекувањето на тешко болни пациенти од Ковид-19

Редакција

Владата одобри, па Груби се повлече: Објектите на „Стара медицина“ во Тетово каде што учат македонски паралелки, нема да бидат дадени на Катастар

Редакција