еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски вели дека се соочува со притисоци и дека нема да прави влада со ДУИ

Уставни измени под овие услови не прифаќаме. Нудиме план како земјава да дојде до преговорите со ЕУ. Планот е базиран на три столба: национален, политички и економски, а првата точка од него се предвремени избори. Да организираме предвремени избори и без техничка Влада, последна дата нека биде 11 јуни. Нека остане Оливер Спасовски министер за внатрешни, нека останат и замениците министри од оваа Влада, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5.

Мицкоски откри дека се соочува со притисоци и непријатни состаноци, но нема да попушти, како што потенцира, ниту милиметар. Тој напомена дека е многу важно претставниците на меѓународната заедница да гарантираат дека Бугарија никогаш повеќе нема да не блокира поради идентитетски и историски прашања. Во спротивно, истакна, со промената на Уставот, ќе станеме вечни преговарачи иако сме многу понапред од некои земји – членки на ЕУ во одредени области.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека нема никаква комуникација со премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио. ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио, да има влада со ДУИ и со сегашното нејзино раководство.

На следните парламентарни избори, рече Мицкоски, ќе биде носител на листа и повтори дека поддржува една изборна единица.

-Мојот став за уставните измени е кристално јасен и непроменлив. Немам намера да прифатам уставни измени под овие услови. Не знам дали ќе има уставни измени во следниот парламентарен состав, но едно знам – дека нема да се поместам ни милиметар ако нашинот план не се исполни. Тоа треба секој да го знае.

Ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но, ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам, зашто моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се втемелени на инает, туку на логичен след на настаните. Ако Бугарија ни ставаше вето без да има алатка во рака (документ), можете да замислите сега, откако има документ, што ќе се случува, потенцира Мицкоски во „Само интервју“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица експерти за надзор на Коридорот 8 добиле 900 илјади евра за еден месец, тврди Мицкоски

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

Редакција

Јовески: Човечки фактор или техничката неисправност на возилото можни причини за несреќата

Редакција

Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“

Редакција