еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Корисниците на МојДДВ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата, информираат од УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.

-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6., наведува УЈП.

Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

Според УЈП, во моментов апликацијата МојДДВ ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Софија нов состанок на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања

Редакција

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Татјана Тати Јанушева во трета кампања за светскиот бренд Tally Weijl

Редакција