еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Фото) Заедништво, нова кампања на Манго режирана од Марио Соренти

Барселона, 4 септември – новата кампања на МАНГО за есен/зима 2018 го рефлектира личното видување на фотографот Марио Соренти кој ги лови интимните секојдневни моменти на протагонстите.

Неговиот проект за брендот ја отсликува врската што тој ја има со разновидната група на луѓе и со МАНГО, на тој начин создавајќи еден вистински фамилијарен портрет.

Децата на Марио Соренти, неговата сестра Ванина, ќерката и нејзиниот сопруг учествуваат во кампањата. Адриан Броди, амбасадорот на машката колекција, се појавува заедно со своето куче, а активистката и модел Адвоа Абоа заедно со нејзината сестра Кесева и братучетка Алевиа – уште еден симбол на фамилијарната поврзаност која се провлекува низ целата кампања.

Оваа МАНГО кампања со веројатно најмногу протагонисти до сега, ги вклучува и интернационалните модели и блиски пријателки Амбер Валета и Каролин Марфи, скејт легендата Стив Олсон и неговиот син Алекс, уметницата Ленгли Фокс и познатите стилистки Зое Бадо и Хелена Техедор – група на личности кои ја рефлектираат различноста на општеството во кое живееме.

Видеото на кампањата е направено на музичка позадина од легендарниот бренд Primal Scream, односно е проследено со песната Movin’ on up.

Новата колекција за есен/зима 2018 претставува поместување во дизајнот: еволуција кон современата есетика, дефинирана од високо квалитетни материјали и создавање бевремен дизајн ослободен од конвенционалното. Понудата исто такa содржи и влијание од 70-тите со животински принт, еклектичен микс на бои и волумен. И тексасот како материјал еволоуира кон порафиниран изглед со внимание кон деталите кои се забележува на секое парче.

МАНГО е основана во 1984 година и денес е една од водечките модни групации во светот. Со седиште во Барселона, компанијата има мрежа на продавници низ 112 земји или речиси 800,000 m2. Од дизајн центарот наречен “El Hangar” секоја година излегуваат повеќе од 18,000 дизајни за облека и додатоци кои ги отсликуваат сезонските трендови.

HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0HyperFocal: 0
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Шлаканицата од Вил Смит за Крис Рок, го засени успехот на „КОДА“ на годинешниве Оскари

Редакција

Филипче излегува од изолација: И вториот тест за корона вирусот е негативен

Редакција

МВР предупредува: Измамници ветуваат лесна заработувачка со нова крипто валута

Редакција