еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Македонците консумираат најмалку месо во Европа

Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо.

Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо.

Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 15 часот излезноста на претседателските 32,28, на парламентарните избори 36,89%

Редакција

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Петре Димитров

(Видео) Стравични сцени од големиот пожар во Сибир

Редакција