еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Конкурс на ПСУ „Јахја Кемал“ за доделување стипендии за средно образование

ПСУ „Јахја Кемал“ објави конкурс за доделување стипендии за средно образование, на кој може да се пријават ученици од деветтите одделенија, а рокот за пријавување е до 8 април, 2023 година.

На тестирањето за стипендија ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик.

Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината.

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 9 април 2023 во недела во 11.00 часот, а пријавувањето е на веб страницата.

За ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје ќе се полага во самото училиште и во ООУ „11 Октомври“-Куманово, ООУ “Ванчо Прке“-Штип, ООУ “Блаже Коневски“-Велес и ООУ “Видео Подгорец“-Струмица.

За ПСУ „Јахја Кемал“-Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Исмаил Ќемали“- Гостивар.

За ПСУ „Јахја Кемал“-Струга ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ „Санде Штерјоски“-Кичево и ООУ „Пенестија“-Дебар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„БК мебел“ со нова летна акција и попуст до 33 %

Редакција

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд изградена за четири месеци

Редакција

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Редакција