еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

13 награди и 20 признанија од УНЕСКО за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола

Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 30 јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата „Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 20 индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 20 ученици од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.

УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 30 години, а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 70 земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.000 дела од кои 840 ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.

Втората фаза опфати 300 дела по што следеше номинација на 200 ученици за 100 награди или најдобрите 100 во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2023 година а ова се финалните резултати.

Од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 300 до 100 дела од 70 држави и тоа: Фросина Полизовска (9 години) – Меланија Кондовска (14 години) – Велерија Костовска (16 години) која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска (18 години).

Награди добија и учениците Никола Тасевски (10 години) и Јана Талеска (10 години) како и учениците Анастасија Наумчевска (14 години) – Сара Наумовска (14 години) – Ана Полизовска (14 години) – Леа Стерјев (14 години)  – Марија Јанкуловска (15 години) Сирма Спиркоска (15 години) и Андреа Ресановиќ (15 години).

Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјална церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.

Овој успех доаѓа во година кога Министерството за култура за УНЕСКО програмата со акцент на 24-тата светска детска ликовна изложба – конкурс и колонија во Евора – Португалија на студиото им додели нула денари финансиска помош.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот за Македонија за што посебно Признание добива студиото и претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

Патувањето на претставници од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мал Битолски Монмартр” и покрај се ќе се одржи со донации, па и со кредит ако треба, велат организаторите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 61 пациент од Ковид-19, најмногу во Скопје 21

Редакција

Општина Охрид не бара од Владата да ги преземе надлежностите, туку заедно да работат по препораките на УНЕСКО

Редакција

„Надминат е единствениот спор со Македонците“: Реакции во Србија за помирувањето меѓу СПЦ и МПЦ-ОА

Редакција