На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски на еден ден ќе бидат отворени сите граници меѓу земјите од Отворен Балкан.
Ковачевски на заедничката прес-конференција во Бардолино со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, појасни дека целта е да се види како изгледа тоа да се преминуваат границите како да ги нема.
Српскиот претседател Вуќич потврди дека на иницијатива на Ковачевски ќе биде одреден еден ден кога ќе бидат отворени границите меѓу трите земји, за да се покаже како тоа ќе функционира.
Прмиерот Ковачевски ја оцени денешната трилатерална средба посветена на Отворен Балкан како многу плодна и потенцира дека го споделил календарот со активности кои Македонија ќе ги организира годинава во рамки на иницијативата, а вклучуваат и средба на мали производители на храна од трите земји и аеромитинг во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Влада