еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Продолжува трендот на зголемување на цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,5 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,2 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент и Ноќевања за 1,7 процент.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари − март годинава во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 14 проценти, а во однос на декември 2022 година за 0,9 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид во 2022 планира раст на продажбата од 8% и на добивката од најмалку 7%

Редакција

Вања била врзана и изнесена од зградата преку подрумите во зградата каде живееше?

Редакција

Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик

Редакција