Дури девет закони ќе се менуваат во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој за 1,3 милјарда евра ќе ги гради автопатите на коридорите 8 и 10д.
За Бехтел и Енка, кој власта го прогласи за стратешки инвеститор ќе се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, законите за шумите и за градење, а ќе се менува и законот што овозможи без тендер да му се даде на американско-турскиот конзорциум да ги гради автопатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза
Со законските измени, кои веќе утре ќе се најдат на дневен ред во Собранието, конзорциумот меѓудругото нема да плаќа данок, царина и акциза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катастрофални законски измени за работничките права заради Бехтел и Енка, реагираат од ССМ
Најавата за законски измени предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Република Бехтел и Енка Македонија
— Сезнајко (@seznajko_mk) April 8, 2023
Нов удар по владеењето на правото. За изградбата на коридорите на „Бехтел и Енка“ ќе се менуваат девет закони https://t.co/9nB4DdbPUT
— Misha Popovikj (@popmisa) April 7, 2023
Нема држава во регионот каде стапнале од Бехтел и Енка а да немаат скандали.
👉 Истите постапки што се случувале во Албанија се случуваат и кај нас.
➡️ Менување на законите, ослободување од даноци, сомнежи за корупција, енормни цени за патиштата.. pic.twitter.com/66RQ1VnRfv— Раск🅰️жу🅱️ачот (@toilet_paper10) April 8, 2023
Бехтел и Енка ќе одлучувале што е, а што не, археолошки локалитет, немало да плаќаат даноци, царини…
Па ова и во апсолутна монархија не е дозволено! Вака ова ќе нѐ чини 100 милијарди долари.
Седете дома, чекајте сами да паднат мадињата на овенот.
— Џон Фалстаф (@JohnFalstaffMKD) April 8, 2023
Со предлог законските измени се предвидува на Бехтел и Енка да им се враќа акцизата на енергенти (горива, електрична енергија…) која сега оди во државниот буџет. Што значи тоа во реалност? Ако во моментов литар дизел гориво чини 72 денари, 15.5 денари (21,5%) од таа сума оди во… pic.twitter.com/j65uxX44WL
— Кичевчанецот 🇲🇰ن (@zoreski) April 8, 2023