Добиваат ли македонските банки сериозна конкуренција е дилемата која се наметнува откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат физички лица кои нудат заеми од 5.000 до 1.000.000 евра со камата од 3%.
„Барате заем за заживување на сопствен бизнис или за извршување на вашите проекти. Повеќе не се грижете, ви нудиме краткорочен, среднорочен и долгорочен кредит во висина од 5.000 до 1.000 000 € со стапка многу разумна камата од 3%. Ве молиме контактирајте не за повеќе информации: [email protected]“, пишува во една од објавите на Фејсбук.
Македонските граѓани веќе навикнаа на појавата на различни финансиски друштва кои во рекламите нудат кредити без „никакви трошоци“, а во суштина станува збор за многу „скапи“ позајмици. Сепак, ваквите друштва работат согласно законската регулатива.
Сега, прашање е колку е законски некој преку социјалните мрежи да нуди позајмици со камати кои не можат да си ги дозволат ниту банките.