еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

И Бугарија забрани увоз на украинска храна

Бугарија воведува привремена забрана за увоз на храна од Украина. Исклучок ќе има за стоката во транзит. Ова го соопшти техничкиот премиер Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница.

Според него, значителни количини украинска храна останале во Бугарија.

– Принудени сме да ја усвоиме оваа национална мерка, бидејќи одговорните европски власти сè уште размислуваат за адекватен одговор на променетите околности, рече преодниот премиер.

– Главната причина е што во последната година, спротивно на идејата за таканаречените коридори на солидарност, значителни количини храна останаа во земјата и ги нарушија главните производни и трговски синџири.

Доколку овој тренд продолжи, па дури и се зголеми, што е сосема реално по воведените слични забрани од други земји, можно е да се дојде до крајно сериозни последици за бугарскиот бизнис, објасни Донев.

Галаб Донев, исто така, посочи дека Бугарија останува солидарна со Украина, но „банкротите на бугарските земјоделски производители нема ништо да придонесат за нејзината кауза“.

Не е познато колку долго ќе важи привремената забрана за увоз на храна од Украина, посочува Дојче веле. Се очекува Владата денеска да донесе одлука на оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Словачка го запира увозот на жито и прехранбени производи од Украина

Унгарија и Полска забранија увоз на жито и земјоделски производи од Украина

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штета од над 9 илјади евра направил пратеникот на Левица, Крмов во Собрание

Редакција

МВР објави листа на физички и правни лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

Редакција

Комерцијална банка воведе тактилни платежни картички за лицата со оштетен вид

Редакција