еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Косовската претседателка Османи-Садриу денеска во посета на Македонија

Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на земјава на покана на шефот на државата Стево Пендаровски.

Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на официјалната посета, Османи-Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на свечена седница во Собранието.

Утре Османи-Садриу ќе престојува во Тетово, каде ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трпчески за еМагазин: Македонија ја славиме како што треба да биде свесна дека заслужува, си ги знаеме корените и само треба да ги почитуваме и промовираме

Силвана Жежова

„Зелена револуција“ ја услови средбата со премиерот Заев со реализација на седум итни барања

Редакција

Граѓани на Бугарија и Македонија со отворено писмо бараат од премиерите надминување на недоразбирањата

Редакција