еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Румена Бужаровска е новото големо име во ТРИ: Женскиот глас што надалеку се слуша, во ново издание

Румена Бужаровска е новото големо име што се вброи меѓу одличните домашни автори чии книги се во издание на ТРИ, информираат од таму.

„Ценета и преведена на петнаесет светски јазици – Румена Бужаровска има големо влијание врз развојот на македонската проза. Од ТРИ со големо задоволство и возбуда ги најавуваат трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“.

Ќе пристигнат на овогодишниот Саем на книгата, што ќе се одржи во Спортската сала „Борис Трајковски“, од 4 до 10 мај.

Со овој чекор, Бужаровска ни потврдува дека нејзината успешна приказна сè уште е во полн ек. А одѕивот од читателите што возбудено чекаат да ги земат в раце новите изданија, се доказ дека таа не само што е актуелна меѓу нив туку и дека нејзината проза е длабоко вкоренета во македонската книжевност,“ велат од ТРИ.

Во меѓувреме Румена Бужаровска доживеа и голем светски успех – во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа во рамките на платформата „Литерари Јуроп лајв“ (Literary Europe Live), добитничка е на годишната награда за литература на Истра, Хрватска, „Едо Будиша“, во 2022 „Мојот маж“ беше преведена на француски јазик и издадена кај еден од најголемите и најпознатите светски издавачи „Галимар“, а за истата книга преводот на германски јазик беше книга на неделата во Германија на угледниот неделник „Шпигел“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите антикорупционери се уште не го пријавиле својот имот

Редакција

Папата Франциско догодина доаѓа во Македонија?

Редакција

Инфлуенсери: Нова маркетинг „алатка“ на компаниите

Редакција