еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Заев и Филипче со мотори патуваат низ Грција, прво на „Делфи форумот“, па на Халкидики

Со моќни мотори патуваат низ Грција поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, пренесуваат грчките медиуми.

Грчкиот портал „Вориа“објави дека Заев со моторцикл од 1.600 кубика пристигнал на „Делфи економскиот форум“ во Делфи, на кој беше еден од говорниците.

Заев за порталот вели дека на 22 април тргнал од Скопје и поминал низ области во западна Грција, а потоа отпатувал во областа Пелопонез, за да стигне до Делфи.

По Делфи, патувањето ќе го продолжил кон Солун, а потоа ќе замине на Халкидики, објави порталот.

Фото/видео: Voria gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку време жените поминуваат во готвење, миење садови, чистење по дома

Редакција

Софијанова: Зголемен е бројот на деца заразени со омикрон сој, кој дава клиничка слика слична на грип

Редакција

До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо

Редакција