еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Минатата недела тројца починати од Ковид-19 од Скопје и Охрид

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 24 до 30 април се регистрирани 82 нови позитивни случаи на Ковид-19, со намалување од 3,5% во однос на минатата недела (n=85).

-Процентот на позитивност се движи од 4,8% до 14,9%, просечно 8,3%.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 13 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=37; 45,1%), a највисока инциденца е регистрирана во Охрид (16,3/100.000 жители).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=44; 53,6%).

Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно.

Во текот на минатата недела (24-30.04.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 83 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 11,7% помалку во однос на минатата недела (n=94).

Во текот на минатата недела, пријавени се 25 реинфекции, за 1 помалку во однос на претходната недела (n=26).

Пријавени се 3 починати лица со датум на смрт во текот на последната недела (24-30.04.2023), од Скопје и Охрид, со коморбидитети и починати во болнички услови. Лицата се на возраст од 77-83 години, стои во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку антитела треба да има човек за да биде имун на корона?

Редакција

Заради покривање на енергетската криза грѓаните се оштетени за 220 милиони евра

Редакција

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

Редакција