еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс со добивка од 149 илјади денари во првиот квартал

Во првото тромесечие од 2023 година, Жито лукс АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 149 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Минатогодишната загуба од 28.328 илјади денари, во првото тромесечие не беше целосно покриена до крајот на годината (поради одлуката на Владата за замрзнување на цените), но компанијата полека закрепнува, почнувајќи ја новата 2023 годината со минимален профит.

Повторно во март 2023, се соочуваме со нови ограничувања кога цената на дневниот леб се утврди на 33 денари за векна бел леб.

Приходите од продажба се зголемени за 3%, при што приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување за 7%, додека приходите од продажба на странски пазар се намалени за 50% во споредба со минатата година.

Порастот на продажбите на домашен пазар се должи на корекцијата на цените.

Трошоците на произведени производи изнесуваат 203,164 илјада денари, што претставува намалување за 13% во споредба со истиот период претходната година.

Административните трошоци се зголемени за 14%, додека трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 12%, поради повисок трошок за реклама и дистрибуција.

Останатите оперативни приходи во износ од 1,872 илјади денари се намалени за 41% споредено со првото тромесечие од минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито лукс лани со загуба

Димитриос Плакоутсис нов потпретседател на Управниот одбор на Жито лукс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје од камати и провизии лани „инкасирала“ 71 милиони евра

Редакција

Некои угостители „потфрлија“: Пазарните инспектори бркани од локалите и понижувани

Редакција

Поради доцнење на изведбата, Банката на Советот на Европа се повлекува од финансирањето на штипската Клиничка болница

Редакција