еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Словенија го засилува полициското присуство околу училиштата со цел навремено откривање потенцијални насилни инциденти

Поради трагичниот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ завчера во Србија, привремено ќе биде зголемено полициското присуство околу училиштата во Словенија, а полицијата е подготвена да соработува со училиштата во напорите за рано откривање на потенцијални насилни инциденти.

„Наша должност е да бидеме уште повнимателни во словенечките училишта за какво било однесување што може да укаже на проблеми меѓу учениците или студентите, а кое евентуално би можело да доведе до фатални дејствија“, соопшти денеска Министерството за образование.

Министерството соработува со сите надлежни институции кои работат на полето на рано откривање и спречување на насилството, внатре и надвор од училишната средина.

Важно е на сите ученици, студенти, родители и вработени во образовните институции да им се обезбеди чувство на сигурност, што е предуслов за нормално функционирање на училишната средина, соопшти Министерството, изразувајќи сочувство до роднините на жртвите на двата трагични инциденти во Србија.

МИА/Фото: Фејсбук/Словенска полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за иновации и технолошки развој вработува пет лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Пленковиќ за падот на леталото: Оштетени се 40 автомобили, среќа никој не е повреден – ова е чиста закана

Редакција

Кои се новите членови на Управен, Надзорен одбор и на Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија

Редакција