еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

За пусти кликови македонските медиуми го умреа таткото на масовниот убиец од Младеновац

Вчера српската полиција соопшти дека го уапсила таткото на масовниот убиец од Младеновац, кој пред неколку дена уби осум лица.

За истиот голем број медиуми во Македонија, без да ја проверат информацијата неодамна информираа дека починал од срцев удар откако слушнал што направил неговиот син.

Загрижувачки е дека лажната информација ја објавија и национални телевизии и медиуми кои сами се декларираат како релевентни.

Уште позагрижувачки е што ни еден од тие медиуми не им се извини на читателите и гледачите за лажната вест.

За жал, не е првпат, а најверојатно ни последен пат кога македонските медиуми за пусти кликови, објавуваат лажни вести, полувистини, непроверени информации, посебно за вакви сензитивни теми, за кои треба многу внимателно треба да се известува.

За драматичните наслови и бројните непотребни и нерелеватни информации за двете трагедии во Србија нема потреба ни да се коментира.

Лажните или полувистините вести во Македонија, за жал од поодамна станаа речиси секојдневие, а оваа информација можеше многу лесно да се провери, ако од медиумите само проверија што релеватните медиуми во Србија објавија на таа тема.

Секако, со тоа им прават голема штета и на медиумите кои си ја вршат работата професионално и ги ставаат во ист кош со нив и придонесуваат за уште поголем пад на довербата во медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Уапсен таткото на масовниот убиец од Младеновац, за кој македонските медиуми објавија дека умрел

Нова трагедија во Србија: 21-годишник уби осум лица, 15 се ранети 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабрика Карпош со добивка од 25,7 милиони денари во првото полугодие

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јануари

Редакција

Ивица Томовски е нов директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата

Редакција