Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, освен за односите помеѓу Грција и Македонија по потпишувањето на Договорот од Преспа, придобивките од него, како и ставот на ВМРО-ДПМНЕ за новото име на земјата откри и дека неговите деца учат во Солун и дека тој е често во Грција.
„Денес, многу се радувам кога гледам како семејства меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега, на пример, кај стоматолог. Ние доаѓаме на кафе, на храна, на шопинг, особено во Солун.
Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку љубезни, а има и такви што велат: ‘Господине Заев, јас сум против преспанскиот, но вие сте добар човек. Затоа ајде да работиме заедно’“, вели Заев во интервјуто.
Додека беше премиер изјави дека неговата ќерка Александра студира во Софија, Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Заев и Филипче со мотори патуваат низ Грција, прво на „Делфи форумот“, па на Халкидики
Фото: Влада