еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Уште една жртва на пукањето во белградското училиште: Почина тешко ранетото девојче

На Универзитетската детска клиника во Тиршова во Белград денеска почина девојчето кое беше тешко повредено во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, јави дописиникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Mинистерството за здравство, ученичката починала и покрај итните хируршки интервенции и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази искрено сочувство до семејството на девојчето.

По пукањето, девојчето со тешки повреди на главата било однесено во Тиршова, каде веднаш била оперирана. Директорот на клиниката, Синиша Дучиќ тогаш изјави дека операцијата била исклучително тешка, дека има тешки повреди на мозокот и дека детето е витално загрозено.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ неколку дена по трагедијата изјави дека девојчето е во критична состојба и дека нејзиниот живот е загрозен.

Таа е десетта жртва на масовното пукање што се случи на 3 мај, кога ученикот од седмо одделение К.К. (13) влезе во основното училиште и пукаше на своите соученици и вработените. На лице место уби осморо ученици и чуварот на училиштето, а седум беа ранети, меѓу кои и една учителка.

Ден по страшниот масакр во Србија се случи уште еден. Тогаш Урош Б.(21) со истрели од автоматска пушка уби осум лица, а рани 16.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија развива ново оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности, соопшти Путин

Редакција

Владата ќе ја субвенционира цената на парното, за да се намалат сметките на граѓаните

Редакција

Од партијата на Љубчо Георгиевски за оштета која Македонија треба да и ја плати на ОКТА виновен е Уставниот суд

Редакција