еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за 14 лица кои вчера беа уапсени за продажба на дрога и оружје

Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена за 14 осомничени припадници на криминални групи за неовластена продажба на дрога и оружје.

На едно лице, поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор, додека, за останатите три лица кои се недостапни на органите на прогонот, притворот кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање, ќе биде определен денеска.

Станува збор за осомничените лица кои по повеќемесечна предистражна постапка вчера беа лишени од слобода.

Согласно одредбите од Кривичниот законик на сторителите на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ им се заканува казна затвор од најмалку пет години, додека за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ е предвидена казна затвор од најмалку осум години. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари за трговија со дрога и оружје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ДУИ “францускиот предлог“ е прифатлив

Редакција

Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра, децата може да се вратат на училиште

Редакција

Покапува дизелот, цената на бензините останува иста

Редакција