еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборите, но и со низа забелешки

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, соопштија од ОБСЕ/ОДИХР.

„Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување на избори, и ги препознаваме напорите на властите да се прилагодат на новите околности“, рече Лаима Андрикиене, шефицата на СМПИ на ОДИХР.

Оттаму додаваат дека постојат неразјаснети прашања околу Изборниот законик и процеси кои често доведувале до политички договори во последен миг. Препорачуваат властите да посветат сериозно внимание на овие прашања, подолго време пред одржувањето на следните избори.

„Околу 1.8 милиони лица имаа право на глас на вчерашните предвремени парламентарни избори кои беа одложени поради пандемијата со Ковид-19. Изборната администрација ја заврши својата работа во рамки на законските рокови, и покрај компликациите предизвикани од суспендирањето на изборниот процес.

Денот на гласање помина мирно, и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите. Сепак, долгогодишните структурни прашања поврзани со составувањето на избирачкиот список останаа неадресирани.

Законската рамка беше суштински изменета непосредно пред распишувањето на изборите, коешто е спротивно на меѓународните добри практики.

Континуираните неконзистентности и двосмислени формулации ја поткопуваат правната сигурност, и се’ уште им е потребна суштинска ревизија. Кандидатите имаа можност вистински да се натпреваруваат и да ги пренесат пораките, иако кампањата се карактеризираше со негативна реторика, на сметка на суштински дискусии за политики.

На медиумското известување за изборите генерално му недостасуваше критичка анализа на платформите, а правилата за политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми политички партии“, велат од ОБСЕ/ОДИХР.

Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОДИХР во Северна Македонија започна со работа на 19 јуни и ќе заврши на 23 јули.

СМПИ се фокусираше на прашања идентификувани од страна на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР, со цел да процени во која мерка изборите беа спроведени во согласност со заложбите на ОБСЕ и други меѓународни стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Што објавија грчките медиуми за изборите кај нас: Во фокусот победата на Заев, тесната разлика и хакерскиот напад

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ерменија и Азербејџан потпишаа декларација за завршување на војната, демонстранти во Ереван упаднаа во зградата на Владата

Редакција

Убава вест: Во последните три дена регистрирани 275 оздравени од Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев

Редакција