еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) На свечена церемонија Радев им врачи бугарски пасоши и на претседателот и секретарот на згаснатиот бугарски клуб „Иван Михајлов“

Бугарскиот претседател Румен Радев му врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов на церемонија во претседателската резиденција. На почетокот на церемонијата беше отсвирена бугарската химна.

Во салата присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и техничкиот министер за надворешни работи, Иван Кондов.

Љубчо Георгиевски е претседател на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, што беше затворен од властите во Македонија, а Благој Шаторов е негов секретар.

Потпретседателот ги потпиша указите за добивање бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

Јотова му врачи бугарски лични документи и на Христијан Пендиков на почетокот на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со свечена церемонија охриѓанецот Пендиков стана Бугарин, документите му ги врачи потпретседателка Јотова

Обвинителството во Битола покрена обвинение за ширење омраза и ксенофобија за Георгиевски на почетокот на мај.

Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беа затворени од Централниот регистар на Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиениот негативен став на комисијата за имињата.

Оваа одлука беше резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласан едногласно во Парламентот, којшто забрани формирање организации, кои своите имиња, програма, цели и поттикнуваат кон агресија, разгорување на национална, расна, религиозна омраза или друга нетрпеливост, геноцид, истребување, ширење и помагање и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот рајх.

МИА/Фото/видео: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за убиството во Струга: Убиецот сакал да побегне, но бил спречен

Редакција

Приведена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Редакција

Бугарија нема да ја менува преговарачката рамка, му порачаа од бугарското МНР на Мицкоски

Редакција