еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Белица останала во минатиот век, но е преубава

Селото Белица во областа Порече, е едно од најубавите во Македонија. Лоцирано во подножјето на планинскиот масив „Мокра“ на планината Јакупица, опколено е со прекрасна природа чија што убавина ја надополнува Беличка река.

Овде се наоѓаа изворите на реката, а водата е една од најчистите во регионот, поради што жителите полнат вода за пиење директно од реката. Толку е студена, што амбалажата останува замаглена по нејзино полнење. Бидејќи чистината на водата е прва класа, во 2002 година е заштитена како споменик на природата.Реката е долга само пет километри и се влева во Треска, а изобилува со речна пастрмка.

Од селото кон подножјето на планината има можност да се посетат три пештери Момичек, Лепарница и Голубарница.

Пред две години Еколошката групација „Грин пауер“ од Велес, маркираа планинарска патека која ја поврзува Белица со Папрадиште. Патеката е во должина од 18 километри, тешка е, но е преубава бидејќи се поминува низ недопрената шума и природа на Поречието. Се поврзуваат две општини Македонски Брод и Велес.

Куќите во селото за жал се во незавидна состојба и како и најголемиот дел од македонските села, пропаѓаат. Нивен декор се низите со црвените пиперки, кои како обетки ја красат секоја куќа.

Борче Миленковски од Долна Белица развива локален рурален туризам така што куќите што го има ги нуди како сместувачки капацитети за планинари од државата и странство, а еден од најголемите мајстори за подготовка на риба. Пржена риба без коски, за прв пат вкусив кај него, пред кооперација која се наоѓа во центарот на селото. Останал таму, но исто така нашол начин и како да заработува од животот таму. Одлично го познава регионот.

Спиењето во куќите ќе ве наврати на детството, бидејќи е „амбиент како во куќата на баба на село“.Но тоа не е ниту малку важно, бидејќи кога одите на такви места, барате нешто друго, а не луксуз. Впрочем, на душевниот мир му треба она што ова место го нуди спиритуално.

Во Горна Белица, која е околу 4,5 килиометри оддалечена од Долна Белица, има отворено неколку рибни ресторани и местото станува препознатливо по тоа. Дел од нив имаат и сместувачки капацитети, па се одлична можност за викенд-бегство од урбаните средини. Иако се блиску, горна и долна Белица се разликуваат по концептот на туризам што го нудат.

Повеќе за Белица можете да прочитате ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата треба да му плати 6.100 евра на Јанакиески за притворот за „Организација на 27 април“ и „Шпански скали“

Редакција

Аргентина по трет пат светски првак во фудбал

Редакција

Од „Поинт ретаил парк“ за вооружениот напад: Безбедносните камери ги лоцираат ограбувачите

Редакција