Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2023 година, изнесува 34.925 денари.
Според податоци на ДСЗ, највисоката просечна плата е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 90.848 денари, следи Останати стручни, научни и технички дејности – 59.368 денари, па Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 55.221 денари, Вадење на руди на метал – 52.323 денари и Финансиско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 51.989 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во март?
Просечната нето плата во март 34.925 денари
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.