еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во неодамнешните акции на МВР уапсен и син на пратеник

Во неодамнешните акции на Министерството за внатрешни работи во разбивање на криминални групи кои тргувале со дрога и оружје на подрачјето на СВР Скопје и СВР Штип бил уапсен и син на пратеник, потврди за Канал 5, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сузбиена организирана криминална група од Штип, Кочани, Виница и Берово, која вршела продажба на кокаин, амфетамин и марихуана

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари за трговија со дрога и оружје

Во акцијата на подрчјето на СВР Штип беше уапсен и полициски службеник.

-Интензивни активности имавме изминатиот период. Одделот за организиран криминал при МВР, заедно со Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и, секако, со основните јавни обвинителства.

Двете акции се за одбележување – на подрачје на СВР Скопје и на подрачје на СВР Штип, во коишто беа разбиени неколку криминални групи кои се занимаваа со трговија на дрога и со трговија на оружје.

Во Скопје беа разбиени неколку криминални групи, извршени беа претреси на 27 локации, уапсени 15 лица кои се занимавале подолго време и беа следени од МВР.

Исто така, на подрачје на СВР Штип, лица од Кочани, Виница, Берово беа уапсени за трговија со дрога. Таму имаше полициски службеник кој практично соработувал со оваа група.

Пораката е јасна – секој еден кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност. За никого нема отстапки во овој дел и апсолутно не сакам да размислувам во правец дали некој е во роднинска или било каква врска со носители на функција, рече Спасовски за Канал 5.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг: Руската војска прави воено злосторство, ова е најбрзорастечката воена криза од Втората светска војна

Редакција

Колку „мајмунските сипаници“ се опасни по здравјето: Кои се симптомите и како се пренесуваат

Редакција

(Видео) Ѓоковиќ победи на УС Опен, стигна до 24. грен-слем трофеј и се израмни со Корт

Редакција