еМагазин
Image default
Забава

Изложба на македонски музички плакати

Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал„ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати.

Изложбата ќе биде отворена на 26 мај, во Галерија МКЦ, со почеток во 20 часот и граѓаните ќе можат да ја погледнат до 5 јуни.

„На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн, велат организаторите.

Инаку „Скопски Градски Фестивал„ за своите 4 години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени. Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители.

Веќе за следната година, кога се најавува јубилејното 5 издание на Фестивалот од Баги Комуникации најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители.

„Скопски Градски Фестивал„ е поддржан од Министерство за култура и Комерцијална банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Викторија Лоба супер секси во нова колекција костими за капење

Редакција

(Видео) „Пијана“ – нова песна на Дани Димитровска

Редакција

(Фото) Кој дојде на роденденот на Лила во „Скопски мерак“

Редакција