еМагазин
Image default
Македонија

Универзитетот „Мајка Тереза“ и формално сопственик на дел од објектите на поранешната касарна „Илинден“

Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус.

Како што соопштија од МОН, на последната владина седница просториите кои беа предвидени за оваа високообразовна установа и формално правно преминаа во нејзина сопственост.

Во дел од отстапените објекти веќе се реализираат градежни инвестиции за адаптација и опремување за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите, за што средства се обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука.

– Очекувам градежните активности да завршат час поскоро, бидејќи за волја на вистината недостигот на простор и услови, претставува голема препрека во работењето, а со надминувањето ќе се подигне мотивацијата за работа кај наставно – научниот кадар, но и за учење кај студентите, рече ресорниот министер Јетон Шаќири пред неколку месеци кога го означи почетокот на градежните работи, се посочува во соопштението од Министерство за образование и наука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Редакција

Поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите и обвинител, одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција

(ВИДЕО) Во друштво на премиерите од Западен Балкан: Наместо Заев, Анѓушев на работен појадок кај Курц

Редакција