еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците од фракцијата на ДУИ поднесоа иницијатива за отстранување на дефиницијата „20 проценти за употреба на албанскиот јазик“ од Уставот

Тројцата пратеници во Собранието, Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од Фракцијата на ДУИ, денеска иницираа уставни измени што се однесуваат, како што наведуваат, на „бугарското прашање“, но и за „отстранување на дефиницијата 20 проценти во однос на употребата на албанскиот јазик“.

Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда со потписот на тројцата пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на Демократската унија за интеграција и дел од Фракцијата, Јетмир Асани.

– Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата „20 проценти за албанскиот јазик“ да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место, изјави Асани пред поднесесувањето на предлогот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Институтот за специјална едукација и рехабилитација сметаат дека е потребна длабинска анализа за реформи во основното образование

Редакција

АВМУ: Прекршочни пријави за 1ТВ и ТВ Сонце за недозволено референдумско рекламирање

Редакција

СДСМ бара нов предлог за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот

Редакција