еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Снимката на која градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски им се заканува на вработени е од јануари

Министерството за внатрешни работи соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски вчера бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави на интернет.

-Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018  година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта, се наведува во соопштението.

По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20:30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.

Фото: Фејсбук/Марјанче Стојановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Редакција

ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите „Исток“ и „Запад“

Редакција

Прекршочна пријава за вработен во Агенција за обезбедување за инцидентот со новинарката за Водици

Редакција