еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Ердоган останува претседател на Турција

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

– Добивме одговорност да владееме во следните пет години, им порача Ердоган на граѓаните собрани во Истанбул.

Ердоган, пред насобраните приврзаници истакна дека единствен победник е Турција и им се заблагодари на граѓаните што гласале.

Тој оцени дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52,14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.

фото/видео: Ердоган/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доколку во Македонија не се рашират новите соеви, не останува уште многу население за заразување, вели професор Трајковски

Редакција

Потврдена смртта на убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел

Редакција

(Фото) Бигорски манастир преполн за Велигден: Голем број на верници, Христовото воскресение го дочекаа во македонскиот Ерусалим

Редакција