еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Продолжува трендот на негативен природен прираст

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8,8 % и изнесува 3.656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица, пак, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29,5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5.233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 1.577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2,9 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2.396 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26,8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД издвоија 500 милиони долари за владеење на правото, а има епидемија на корупција во Македонија, вели Агелер

Редакција

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците

Редакција

„Шах-мат на вселенскиот патријарх“: Што пишуваат грчките медиуми за признавањето на Охридската архиепископија за канонска

Редакција