еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Цели населби во Украина исчезнуваат под вода, откако браната Каховка беше крената во воздух

Украинската јавна телевизија Суспилне го објави најновиот извештај за последиците од уништувањето на браната Каховка, споделувајќи и мапа на која се гледа точно каде се наоѓа браната, како и кои градови и населби сега се загрозени од напливот на вода.

-Поради експлозијата во хидроелектраната, околу 80 населени места се во опасност од поплави, рече премиерот Денис Шмигал.

„Досега делумно или целосно се поплавени повеќе од десет населени места“, соопштија од регионалната управа на Херсон.

Во критичната зона, на десниот брег на регионот Херсон, се наоѓаат околу 24.000 лица.

Локалните власти ги евакуираат жителите од потенцијалните зони на поплавување. На пладне тргна возот за евакуација од Херсон за Миколаев.

Украинските власти ги повикаа жителите кои живеат низводно да ја напуштат областа.

Регионалниот шеф на Херсон, Олександр Прокудин, предупреди дека за неколку часа нивото на водата во реката Дњепар ќе биде „критично“.

Почна евакуацијата во опасната зона. Ве молиме направете се што можете за да го спасите вашиот живот. Веднаш напуштете ги опасните подрачја, порача тој и ги повика граѓаните да земат документи и најпотребни работи и да ги чекаат автобусите.

Во населбата Нова Каховка е прогласена вонредна состојба поради нападот врз браната, која продолжува да се урива и неконтролирано испушта вода низводно, изјави градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев, на ТВ Канал 1.

Тој појасни дека украинските сили продолжуваат да ја гранатираат областа и дека значителен број проектили ги погодиле бреговите на Днепар.

-Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот се уште е цел на гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и тие веќе се евакуираат сега за да се избегнат жртви, изјави Леонтиев за ТВ „Русија-24“ .

Да потсетиме, рано утринава беше уништена браната Каховка, а Русија и Украина меѓусебно се обвинија за минирање на клучната брана.

МИА/Фото/видео: Твитер/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Предивикал напукнување на ѕидови во некои објекти: Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Катастарот за набавка на масло за горење вреден 48.000 евра

Редакција

(Фото) 14-годишната Вања Ѓорчевска не е единственото дете кое го бара МВР, активни се потерници за уште шест малолетници

Редакција