еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Утврден Предлог законот за ратификација на спогодбата со Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.

Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку Охридското Езеро, соопшти владината прес-служба.

Спогодбата е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година, а нејзината цел е да се изврши непречна имплементација на стратешкиот проект „Охридското Езеро – поврзување на две земји кон една дестинација, финансирани од страна на Европската Унија како дел од новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија“.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов рекорд: 300.000 луѓе низ светот заболени од Ковид-19 за еден ден

Редакција

Голем број на скопски општини се приближуваат кон 200 заразени од корона вирусот, Чаир на врвот со 454

Редакција

Вучиќ: Не ги потпишав Договорот и Анексот, но Србија е подготвена да работи на нивната имплементација

Редакција