еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски: Злоупотребата со рекламирање на производи продолжува, не ги богатете криминалците, ги поткупуваат тие што треба да не заштитат

Микробиологот Никола Пановски повторно излезе со апел до купувачите на производите, за кои неговото име е злоупотребено за рекламирање.

„Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 8 месеци. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е изнислено.

Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува. Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат,“ напиша тој на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 12 години ќе се рестартира ТЕЦ „Неготино“

Редакција

„Грин Mашинс“ се покажаа одлично пред словенечките комунални служби – реализирана практична презентација во Ново место

Редакција

Во Албанија „цвета“ бизнисот со бугарски пасоши, Стерјовски ги открива цените

Редакција